Што е брз кредит и што треба да знаете за него?
Дефект на апаратот или автомобилот, треба да платите итни сметки или непланирани поправки? Ова се некои од најчестите фактори кои неочекувано го оптоваруваат домашниот буџет. Како да се решат ваквите ситуации? Има многу опции, од кои едната е брз кредит. Тоа е исклучително флексибилно, практично и достапно решение. Може да се добие за неколку минути, со минимални формалности. Апликациите може да се направат онлајн, телефонски или во канцеларијата на компанијата.
Брзиот кредит е форма на добивање дополнителни средства, без оглед на нивната намена. Понудата е широко распространета на пазарот, а популарноста се должи на минималните формалности и како што кажува самото име, брзата кредитна одлука. Ова решение е првенствено за луѓе на кои им се потребни дополнителни парични средства речиси веднаш за да ги покријат неочекуваните трошоци или да отплатат други долгови.
Едно од најпристапните решенија е брзиот кредит на небанкарските институции кои ги финансираат физичките лица. Флексибилноста на овој производ се состои првенствено во брзиот пренос на парични средства што Ви се потребни во дадениот момент. Не треба да се занемарат и поедноставените формалности, кои во основа се сведуваат на пополнување кредитно барање и приложување лична карта. За споредба, банкарските заеми бараат значително повеќе документи, и пред се време додека да се добие одговор на барањето.
Многу луѓе веројатно се прашуваат дали брзите кредити се безбеден производ бидејќи ги нудат небанкарски компании. Нема дефинитивен одговор на ова прашање, бидејќи се зависи од тоа чии услуги користите. Регистрираните небанкарски финансиски институции во Република Северна Македонија се под надзор на Министерството за финансии. Доколку ја искористите понудата на докажани компании кои се на пазарот долги години, тогаш овие брзи кредити се максимално безбедни. Меѓутоа, ситуацијата е поинаква со понудите од приватни лица или сомнителни компании. Во оваа ситуација, треба да бидете исклучително внимателни и претпазливи.
Видови, според начинот на плаќање
Станува збор за исклучително флексибилен производ, како во однос на периодот на кредитот, така и во однос на износот на кредитот и опциите за отплата, висината на месечните рати итн.
Во зависност од начинот на плаќање, постојат два вида брзи кредити:
- Брзи кредити со еднаква рата – најраспространет и користен тип на кредит кој најчесто се карактеризира со поголем износ и рок на отплата. Со него мора да се изготви прелиминарен план за отплата по месеци, кој Ви дава јасност кога и колку точно треба да платите. Постојат компании кои можат да Ви овозможат можност да го вратите вашиот брз кредит на неделни, двонеделни или месечни рати. Важно е да го изберете типот и големината на ратата што одговара на Вашите можности, за да избегнете несакани долгови и доцнења. Ова ќе Ви донесе многу придобивки, како што е влегувањето во програмата за лојалност на компанијата. Долгорочно ќе одржувате висок кредитен рејтинг во кредитниот регистар и ќе Ви биде олеснет начинот кога аплицирате за нареден кредит.
- Брзи кредити до плата – овој тип на кредит во моментов е најкраткорочен на пазарот во нашата земја. Како што сугерира неговото име, се отплаќа на основа од плата до плата. Во последниве години добива се поголема популарност и се повеќе компании почнуваат да го нудат. Со него отплатата на обврската е еднократна и обично не се бара план за отплата. Овој кредит е доста удобен, но мора да бидете исклучително внимателни со него. Секое минимално доцнење во плаќањето може да донесе значителни и дополнителни трошоци за вас, како и да го влоши Вашиот статус во кредитниот регистар.
Видови, според начинот на примена
Брзиот кредит се разликува и по тоа како можете да аплицирате за него и како се исплаќа:
- Во канцеларија – од Вас се бара да ја посетите канцеларијата на компанијата која е најпогодна за Вас, каде што можете да поднесете барање за кредит. Обично се разгледува апликацијата за неколку минути, а по одобрувањето можете на лице место да ја потпишете документацијата и Договорот. Компанијата потоа ги префрла парите на Вашата банкарска сметка. Предностите на овој тип на кредитирање се изразени во тоа што во текот на целиот процес имате помош од кредитен консултант, што значително ја намалува можноста за грешки при аплицирањето.
- Онлајн – преку веб страницата на компанијата кредитор или преку нејзината мобилна апликација. Повеќето компании кои можат да Ви понудат ваков тип на апликација ќе бараат од Вас да имате адреса за е-пошта и мобилен телефон, како и добра интернет конекција. Процесот бара обезбедување на Ваши лични податоци преку одредена форма. При тоа нема вклученост на кредитен консултант, што во некои случаи може да доведе до одбивање на кредитот (на пример, поради погрешно внесени податоци). По одобрувањето, различни компании нудат различни процеси за потврдување на Вашиот идентитет. Во повеќето случаи, тоа ќе треба да го направите преку формата од која аплициравте.
- Комбиниран – постојат компании кои исто така нудат опција каде што можете целосно да аплицирате преку веб страницата или телефонски и, по одобрување, да го завршите процесот во канцеларијата на компанијата. Оваа опција е попогодна за многу апликанти за кредит, бидејќи таму не треба сами да внесувате податоци или да правите онлајн регистрации, бидејќи обично ги соопштувате потребните податоци на консултант преку телефон, тој ги прави потребните проверки и Ви дава мислење во рамките на разговорот или неколку минути по него. На тој начин не мора да се обврзувате на посета на канцеларија ако не добиете позитивен одговор на Вашето барање.
Кога и за колку да аплицирате?
Без разлика дали ќе се одлучите за брз кредит до плата или брз кредит на рати, без разлика дали ќе аплицирате онлајн, телефонски или ја посетувате канцеларијата на Кредиторот, целосно зависи од Вашите моментални потреби и преференции. Најважно е да се запознаете со сите услови и однапред да ги разјасните сите прашања. На тој начин ќе можете да го изберете вистинскиот производ за вас.
Кога препорачуваме брз кредит: |
За итна потреба или непредвидени трошоци |
Плаќањето на ратите нема да Ви ја наруши финансиската стабилност |
Имате приходи од договор или пензија |
Кога не препорачуваме брз кредит: |
За купување на нешто што не е суштинско |
Исплатата на рати ќе ви ја наруши финансиската стабилност |
Немате постојан приход од договор или пензија |
Брзиот кредит главно се карактеризира со помали доделени износи – од 3000 до 100 000 денари, што е уште една карактеристика во однос на банкарскиот кредит. Кај повеќето компании на домашниот пазар лимитот изнесува до околу 100 000 денари, а лимитите за првиот и вториот кредит значително се разликуваат. Бројот на рати е во интервалите од 4 до 30, а тие се месечни. Според најновите истражувања на пазарот, најчесто македонскиот потрошувач зема брз заем од околу 30 000 денари, за услови од 7 до 12 месеци.
Кога и како можете да ги добиете парите? Обично по одобрувањето се потпишува Договор, а времето на потпишување најмногу зависи од Вашата посветеност. Кога процесот е онлајн, можете да го направите со неколку кликања, но кога е во канцеларија, треба да ја посетите и да го потпишете Вашиот Договор таму. Парите потоа се префрлаат на Вашата банкарска сметка за неколку минути. Повеќето компании не нудат исплати на кредити за време на викендите и во такви ситуации треба да почекате до првиот работен ден.
Што да барате во компанија која нуди брзи кредити?
Без оглед на кредитниот производ што ќе одлучите да го користите, многу е важно да се грижите за Вашата безбедност и да бидете сигурни дека нема да бидете измамени. Компанијата што ќе ја изберете мора:
- Да има стабилна позиција на финансискиот пазар. Ваквите компании јасно се издвојуваат меѓу останатите со својата репутација, историја и пракса на пазарот. Компаниите кои изгледаат сомнителни, немаат репрезентативна веб страница, канцеларии или информации за контакт не треба да бидат меѓу Вашите опции.
- Има долгогодишно искуство на пазарот. Исто така, треба да внимавате колку долго компанијата е вклучена во кредитирањето. Долгорочното присуство на пазарот е сигурен показател за доверливост.
- Располага со квалификуван и компетентен кадар. Компанијата се нејзините вработени и тоа секогаш е показател за квалитетот што можете да го очекувате.
- Компанијата е одговорна за потребите на различни групи клиенти. Одговорните компании даваат можност за кредитирање на различни типови клиенти – студенти, вработени или пензионери.
- Може да понуди флексибилност во случај на тешкотии од Ваша страна. Пред да се одлучите за конкретна понуда, вреди да се провери дали е можно повторно да се преговара за условите на првично склучениот договор. Ова е важно, на пример, во случај на привремени финансиски потешкотии и неможност за навремено сервисирање на кредитот. Опциите за одложување или намалување на ратите, на пример, се исклучително корисни кога ќе се појават некои од погоре наведените ситуации.
- Ги цени своите лојални клиенти. Програмите за лојалност се исто така позитивен показател за компанија која кредитира. Прашајте на самиот почеток дали има ваква програма и дали ќе има промена во условите. Производите за лојалност се дизајнирани да Ве поттикнат да бидете поодговорни во сервисирањето на Вашиот кредит. Од сето ова може само да добиете придобивка на подолг рок.
Брз кредит во пракса
За што можам да користам брз кредит? Како да го добијам? Колку ќе платам за тоа? Може ли да го користам за рефинансирање на кредит од друга институција? Одговорите на овие прашања ќе ги најдете во нашата серија од текстови. Во нив ги објаснуваме најчестите прашања и даваме се од себе да ги отфрлиме сите сомнежи поврзани со финансиските производи. Написите исто така ќе Ви кажат кога можете да добиете брз кредит и кои документи ќе Ви бидат потребни.
Информациите се наменети за оние кои бараат интересни идеи во своето слободно време. Имаме идеи за оние кои сакаат да го освежат својот дом или градина. Имаме и идеи за сите оние на кои им требаат креативни решенија за подароци. Благодарение на нашите совети, подароците дефинитивно ќе бидат високо ценети! Можеме да Ве советуваме и како да се развивате професионално или како да се грижите за Вашата физичка состојба. Станува збор за едноставни и докажани методи кои можете успешно да ги примените од удобноста на Вашиот дом.
Искористете ги понудите на ПРОФИ КРЕДИТ! На пазарот сме присутни повеќе од 20 години, обезбедувајќи им на нашите клиенти модерни и сигурни финансиски производи. Нудиме индивидуален третман и бесплатни консултации. Нашата желба да помогнеме и да го најдеме најдоброто решение за Вас се фактори кои не треба да ги занемарите. Сè што треба да направите е да го оставите Вашето име и телефонски број на нашата веб страница. Нашиот консултант ќе Ве контактира за неколку минути за да разговарате за можностите што можеме да Ви ги понудиме.