Кредити

Како најлесно до пари на заем, кога Ви треба мала сума и кои се ризиците?

Што е кредит?

Секој веројатно во одреден момент имал потреба за кредит? Го користиме во ситуации кога треба да пополниме дупка во домашниот буџет или треба да покриеме трошоци кои не сме ги планирале.

Пред да барате кредит, добро е да размислите дали навистина Ви се потребни овие средства и како точно ќе ги користите?
Брзиот кредит најчесто го користат луѓе на кои итно им требаат парични средства за покривање на непредвидени трошоци како што се здравствени услуги, купување на стоки или поправка на оштетен апарат, отплата на друг кредит, одмор, поправка на дом или автомобил.

Во овие случаи, треба да го позајмите износот што навистина Ви е потребен и да го прилагодите планот за отплата на Вашите финансиски можности за да избегнете проблеми поврзани со задоцнето плаќање на долговите.

Постојат неколку начини да се соберат дополнителни средства кога ќе се појави итна потреба.

Пари на заем од пријател

Многу често луѓето се одлучуваат за заем од пријател или роднина. Предноста на оваа опција е што ако позајмите пари од Ваш познаник или роднина, ќе вратите онолку колку што сте позајмиле без да платите камата.

Кои би можеле да бидат ризиците од позајмувањето од пријател? Сите сме слушнале дека многу пријателства се уништени поради парите. Не вреди да ризикувате да влезете во непријатна ситуација и да ги влошите односите со пријател или сакана личност поради мала сума пари што не можете да ја вратите навреме. Разликата меѓу пријател и институција е во голема мера како се регулира врската. Секоја кредитна организација склучува договор со своите клиенти, во кој е наведено кога, како и кои рати треба да се платат, кои ќе бидат надоместоците, условите и сите други детали. Кога позајмуваме пари од саканата личност, обично не мораме да потпишуваме договор, туку се потпираме само на усни договори. Меѓутоа, луѓето се различни и не сите се коректни и ги исполнуваат своите договори.

За да избегнете можно влошување на односите со најблиските луѓе, добро е кога барате заем да контактирате со кредитна организација. Во зависност од тоа колку пари ви се потребни и за кој период, можете да ги користите услугите на банка или небанкарска институција.

За да ја искористите таквата понуда, потребно е само да поднесете апликација и потребните документи. Во денешно време тоа може да се направи и во канцеларијата на избраната компанија и преку телефон, а можете да аплицирате и за онлајн кредит.

Што вреди да знаете ако сакате да позајмите пари?

Најважната работа е да ја усогласите сумата со Вашите реални потреби. Мора да запомните дека износот што го позајмувате, како и рокот за кој го склучувате договорот, го одредуваат износот на Вашите месечни рати. Друг важен елемент е изборот на давателот чии услуги сакате да ги користите. Во овој случај, најдобро решение ќе биде компанија со долгогодишно искуство што ќе гарантира безбедност и одговорност за Вашите потреби.

За да ја изберете вистинската компанија за брз кредит, препорачливо е да ги проверите услугите и условите што ги нудат различните компании. Детални информации можете да најдете на веб страниците на различни компании за брзи кредити. За поголема удобност, можете да користите специјализирани страници за да ги споредите понудите за брзи кредити. Тие нудат ажурирани информации и можност за споредување на компаниите. На овој начин можете да најдете и профитабилни промоции и понуди. Најважните параметри што треба да ги проверите се колку и колкави се сите провизии и камати што доспеваат за кредитот, како и условите за одложување на рати и казни за задоцнето плаќање.
Во Република Северна Македонија, пазарот на потрошувачки кредити е добро развиен и се нудат различни видови кредитни услуги.

Млад пар разгледува документи пред лаптоп

Кредит од банка или брз кредит?

Кај двата типови кредити, парите се добиваат по верификација и одобрување од барателот на кредит. Бараниот износ се одобрува за одреден период, при што мора да се врати со камата. Важно е да се знае дека задоцнетите плаќања подлежат на казнена камата. Двата типови на кредити се регулирани од државата и следуваат законски санкции за корисникот доколку навремено не се врати обврската.
Иако двата производи се многу слични еден на друг, тие не се исти и секој има свои карактеристики.

Кредитот што го нуди банка обично се карактеризира со повисок максимален износ и е производ што е потешко да се добие. Минималните барања на повеќето банки се да имате докажан приход со договор за трајно вработување. Дополнителни информации за приходите и расходите на семејството и присуството на други обврски на барателот на кредит често мора да се обезбедат. За разлика од брзиот кредит, банкарските документи се проверуваат на неколку нивоа и обично се потребни повеќе информации при нивното одобрување.

Постапката за аплицирање и одобрување за кредитобарателите трае повеќе време и бара обезбедување на широк спектар на документи.

Компаниите кои нудат брзи кредити обично имаат полиберални услови за финансирање. Токму поради оваа причина тие го ограничуваат својот максимален износ на околу сто илјади денари.
Небанкарскиот кредит е многу добро решение за луѓе кои од различни причини не добиле банкарски кредит. Причините се, на пример, недоволната кредитна способност или делумно недокажливиот приход. Други едноставно претпочитаат да изберат финансиска поддршка од докажана и проверена кредитна институција.
Постапката за аплицирање за брз кредит е побрза и полесна отколку за банкарски кредити. Различни компании нудат различни начини за аплицирање, но главни се заемите во канцеларија и онлајн. Тие ги пополнуваат формуларите и чекаат неколку минути при одобрување.

Како да аплицирате за кредит?

Можете да аплицирате за брз кредит од ПРОФИ КРЕДИТ Македонија на неколку различни начини. Нашата цел е да им обезбедиме различни опции на нашите клиенти за да ја изберат онаа што е најпогодно за нив.

  • Онлајн – можете брзо, лесно и удобно да аплицирате за кредит преку Вашиот паметен телефон, таблет или компјутер. Потребно е само да ги пополните полињата со име и телефонскиот број во формуларот за барање и нашите колеги ќе Ве контактираат во најкус можен рок.
  • Од телефон. Можете да аплицирате за кредит со јавување на 15004 (без доплата). Мора да имате лична карта пред Вас за да можете да ги потврдите потребните информации.
  • На лице место во една од нашите канцеларии. Доколку претпочитате лична комуникација, можете да посетите една од нашите канцеларии низ целата земја.
  • Нашата Фејсбук страница. Сумата што ја сакате можете да ја побарате во приватна порака на нашата страница на социјалната мрежа.

Без оглед на начинот на апликација што ќе го изберете, нашиот вработен ќе Ве контактира. Ќе Ве консултира и заедно ќе разговарате за параметрите на кредитот. Доколку сте задоволни од понудата, ќе Ви ги подготвиме документите и ќе ве упатиме низ сите чекори до добивање на сумата.

За што може да се искористи брзиот небанкарски кредит? За сите намени. Не бараме од вас да ги специфицирате трошоците што сакате да ги покриете или да поднесете какви било документи за плаќање за тоа како ќе го потрошите доделениот износ.

Кредитна проценка

Без разлика за каков тип на кредит некој аплицира, тој се проверува во неколку регистри. Еден од нив е информацискиот систем на Македонско кредитно биро (скратено МКБ), каде што секое лице кое подигнало кредит на територијата на државата има свое кредитно досие.  Кредитното досие и кредитната историја на секој барател на кредит содржи ажурирани информации за: бројот и видот на моментално достапни кредити; износот на сумите што им се должат на различни финансиски институции; редовноста на плаќањата на веќе платени и/или тековни кредити.
Во процесот на проверка и евалуација на кредитната способност на клиентот, одделот за анализа го одредува износот на ратата и датумот на отплата, според можностите на секој апликант. Ова се заснова на присуство на тековни и други обврски. Целта е кредитот да не му прави финансиски потешкотии на клиентот и да му се овозможи редовно да го враќа. Поради ова, многу компании кои нудат небанкарски заеми се флексибилни и можат да се прилагодат на можностите за плаќање на секој кредитобарател.

Договорот – закон меѓу страните

Сите договори помеѓу клиентот и доверителот се опишани на транспарентен и јасен начин во договорот за кредит. Главните точки содржани во него се висината на обврската, рокот за отплата на кредитот, како и вредноста на месечните рати и датумот на кој тие ќе се платат. Дополнително, во согласност со важечкото законодавство, ги вклучува сите права и обврски и на кредитобарателот и на кредиторот.
Во некои случаи, финансиските институции може да бараат обезбедување на гарант за кредитот. Гарант е лице кое гарантира отплата на кредитот и ја дели одговорноста за тоа. Во такви ситуации се проверува кредитниот рејтинг не само на барателот, туку и на неговиот гарант. Со оваа постапка, финансиската институција добива поголема гаранција дека кредитот ќе биде отплатен и затоа е подготвена да преговара за пониска цена (камата и провизии) на кредитот.

Износот на кредитот го добивате на Вашата банкарска сметка.

Доспеаниот износ можете да го вратите на еднакви месечни рати само преку банкарска сметка. Редовното плаќање на месечните рати Ви дава можности за подобри услови при аплицирање за кредит.

Практични прашања

За луѓето кои се заинтересирани да позајмуваат пари, подготвивме дел со статии како истото да се направи, во кој детално разговараме за прашањата поврзани со добивање кредит. Ќе Ви кажеме за времето за чекање одлука и исплата на средствата, како и за формалностите кои мора да се завршат. Со едукативните материјали што ги објавуваме, не се грижиме само за Вашата свест, туку и Ви препорачуваме докажани начини да ги насочите трошоците и на тој начин да заштедите пари.

Покрај строго финансиски теми, Ви нудиме и серија статии за животниот стил. Ќе ви покажеме какви подароци вреди да изберете за Вашите најблиски или како да организирате домашна забава без да потрошите цело богатство. Собравме и неколку докажани идеи за активно поминување на Вашиот одмор, без разлика дали сакате да го поминете во Македонија или во странство.
ПРОФИ КРЕДИТ постојано се труди да ги задоволи потребите на своите клиенти. Тимот на компанијата вложува насочени напори да понуди индивидуален пристап и соодветни финансиски решенија на корисниците.

Доколку ви требаат пари на заем, ПРОФИ КРЕДИТ Ви стои на располагање. Не двоумете се и поднесете го Вашето барање за брз кредит сега.

Прочитај повеќе

Преглед на други статии од Категорија "Кредити"

Финансирање на Вашиот одмор од соништата – дали е можно со кредит?

Дата: 01.03.2023

Финансирање на Вашиот одмор од соништата – дали е можно со кредит? Без разлика дали сакате да патувате за свадбата на роднините кои живеат далеку, за роденденот на некој близок во странство или сакате конечно да го остварите Вашиот одмор од соништата, парите на заем се добра алтернатива за сето тоа да се случи. Секако, […]

Прочитај повеќе 

Како да позајмите пари профитабилно: 7 корисни совети за тоа

Дата: 01.03.2023

Како да се избере најдобриот небанкарски кредит? Лесно е да се изгубите во лавиринтот од реклами, но тешко е да го најдете финансискиот производ што ги исполнува Вашите очекувања. Погледнете 7 корисни совети за тоа како да позајмите пари кои ќе Ви помогнат да ја донесете најдобрата одлука како да позајмите пари  кога Ви се […]

Прочитај повеќе 

4 начини да се подобри кредитоспособноста со пари на заем

Дата: 01.03.2023

Дали банката одби да Ви одобри кредит поради недостаток на кредитна способност? Се уште треба да позајмите пари. Што можете да направите за да ја надминете таквата ситуација? Проверете ги нашите 4 совети како да се подобри кредитоспособноста преку пари на заем. Кредитната способност на потрошувачот е способност да ја плати обврската навреме како што […]

Прочитај повеќе 

{{ article.post_title }}

Прочитај повеќе: {{ article.post_date }}

{{ article.post_content.replace(/(<([^>]+)>)/ig, "") }}

Прочитај повеќе