Потпиши онлајн

Потпиши го договорот онлајн

Документите се потпишуваат онлајн со Квалификуван Електронски Потпис, кој има иста правна сила како и своерачен потпис на хартиен документ.

Профи Кредит Македонија е помеѓу првите Финансиски Друштва кои што користат регистрирана метода за онлајн потпишување на дигитални документи преку Evrotrust

Онлајн потпишувањето на Дигитални документи има многу бенефиции, како што се: дополнителна безбедност и сигурност, прегледност и флексибилност, клиентско искуство и како најважно заштеда на Вашето време.

Договорот за кредит од Профи Кредит можете да го потпишете од било каде и во било кое време преку Evrotrust мобилната апликација на  вашиот мобилен телефон

Следете го упатството подолу и потпишете го договорот за 3 минути.

Предности со онлајн потпишување

  • Достапно 24/7
  • Брзо
  • Сигурно
  • Целосно онлајн
  • Без дополнителни трошоци

Упатство за регистрација на Evrotrust мобилната апликација

На следното ВИДЕО можете да видите како можете да се регистрирате на апликацијата за не повеќе од 3 минути.

или

Следете го упатството подолу:

1. Симнете ја Evrotrust мобилната апликација со кликнување на еден од линковите подолу:

                                                                     

2. Скенирајте ја Вашата лична карта или пасош.

3. Направете биометриско скенирање (со предната камера - селфи) на Вашето лице.

4. Внесете го Вашиот мобилен број и Вашата е-маил адреса.

5. Регистрацијата е завршена! Можете да го потпишете договорот од Профи Кредит.