Онлајн кредит

Што е онлајн кредит? До кој степен онлајн кредитот може да го замени кредитирањето за кое е потребно Ваше присуство?

Што е онлајн кредит?

Во последниве години, употребата на финансиски производи претрпе голема трансформација. На ова влијаеше брзата дигитализација, која веќе е присутна во речиси секоја сфера, како и од растечките барања на самите потрошувачи, кои претпочитаат повеќето прашања да ги решаваат од далечина – онлајн.

Како резултат на тоа, создадени се голем број решенија за производи кои можете да ги користите без да го напуштите Вашиот дом или работно место, без да треба да губите време или да чекате на ред некаде далеку од местото каде што сте во моментот. Меѓу овие решенија е и онлајн кредитот – можете да го подигнете без посета на канцеларија, бидејќи е потребно само барањето да се поднесе онлајн (преку веб страницата на компанијата, преку нејзината апликација) или преку телефонски разговор со експерт за кредитирање кој ги извршува сите потребните чекори на апликацијата и сите проверки на дадените податоци.

Онлајн кредитот е производ широко достапен за луѓето кои претпочитаат далечинско и брзо решавање на разни финансиски прашања. Ова решение е високо ценето и од клиентите кои немаат можност лично да се сретнат со кредитен консултант. Интернетот многу го олеснува аплицирањето за овој производ, отворајќи сосема нови канали за комуникација. За користење онлајн кредит потребно е само да поднесете апликација, преку функционалност на веб страницата на компанијата или преку нејзината мобилна апликација, која апликација се проверува во рок од неколку минути и веднаш добивате одговор. Формалностите се минимални, бидејќи одлуката дали кредитот е одобрен или не трае само неколку минути.

По одобрувањето, имате можност да го потпишете Договорот за кредит целосно од далечина, а вообичаено е потребно да креирате личен профил преку формата на веб страната на компанијата или да ја преземете нејзината мобилна апликација, доколку ја има. Оваа можност Ви дава и голема предност во иднина, бидејќи можете повторно да аплицирате преку Вашиот профил, а последователниот процес кај повеќето компании е значително полесен и поудобен и Ви заштедува време.

Како да се избере најдобрата онлајн понуда за кредит?

Онлајн кредитот е достапен за секој кој има мобилен уред, валидна и активна адреса за е-пошта, валидна банкарска сметка и добра интернет конекција. Исклучително е погоден за луѓе кои сакаат брзо да ги добијат средствата и немаат време да ги посетат канцелариите на банките. Онлајн кредитот се карактеризира и со многу побрза исплата на средства во споредба со обичниот кредит.

Суштината на онлајн кредитот е неговата целосна пристапност до клиентите. И професионално активните луѓе и пензионерите можат да имаат корист од таков производ. За него нема ограничување од каде можете да аплицирате, како и во кој период од денот истото да го направите.

Млад пар разгледува документи пред лаптоп

Кога ги споредувате понудите, треба да се фокусирате на Вашата безбедност, т.е. да ја искористи понудата на компании со долгогодишно искуство. Дознајте за каматната стапка, максималниот рок на кредитот, како и можноста за искористување на дополнителни услуги. Истражувајте не само колку е месечната исплата, туку и колкав е вкупниот износ на отплата.

Пазарот е исполнет со многу понуди. Постојат различни извори за споредба и секогаш треба да се стремите да споредувате слични карактеристики и производи за да ја изберете најдобрата понуда. На пример, ако споредите понуда на компанија која нуди дополнителни услуги на кредитот со онаа што не го прави тоа, споредбата нема да биде под еднакви услови и нема да можете да донесете објективна одлука.

Треба да имате на ум дека различни компании користат различни методи за да ги проценат податоците што ги давате за време на онлајн апликацијата. Исто така, Вашите процеси за идентификација се различни за различни компании. Со онлајн кредитот, безбедноста на Вашите лични податоци е многу важна и секоја компанија следи строго дефинирани правила во оваа насока. Тоа значи дека времето за одобрување и исплата на парите нема да биде секаде исто.

Основни податоци потребни за онлајн апликација

Аплицирањето за онлајн кредит преку веб страница или апликација бара од Вас да бидете поодговорни и внимателни во текот на процесот, бидејќи ќе треба сами да ги пополните сите потребни податоци. Важно е да не поднесувате погрешни податоци, бидејќи сите информации што ги давате автоматски се проверуваат во разни регистри – МКБ, КИБС, итн. (во зависност од процесот на компанијата на која истите се пријавуваат). Секоја грешка во личните податоци што сте ги навеле (без разлика дали е намерна или ненамерна) ќе резултира со одбивање на Вашата апликација или ќе бара од Вас повторно да аплицирате.

Секоја компанија има строго регулирани правила во врска со податоците што ќе ги побара од вас. Речиси сите компании бараат име, матичен број, датум на раѓање, важност на докуметот за идентификација, итн. Информациите за Вашето работно искуство и моменталното вработување се исто така важни за доверителите. Повеќето компании кои нудат онлајн кредити бараат доказ за приход од работа, Договор на дело врз основа на работното искуство и возраст или пензија. Информациите за адресата, брачниот статус, деталите за банкарска сметка и други информации се меѓу најчесто бараните детали од доверителите.

Кога аплицирате онлајн преку веб страница или апликација, освен што ќе треба сами да ги дадете сите информации што и се потребни на компанијата, ќе треба да се идентификувате и пред доверителот. За таа цел се користат различни механизми кои добиваат сè поголема популарност, т.н. видео идентификации. Со помош на дополнителен софтвер на апликацијата или платформата преку која аплицирате, ќе треба да докажете дека податоците што ги давате се Ваши. Вообичаено се прави видео врска, потребно е да се обезбедат слики со лична карта и сл. Ова е исклучително важен процес за сите одговорни кредитни друштва, кој дава уверување, како на нив така и на нивните клиенти, дека е спречена можноста за злоупотреба на личните податоци доставени онлајн.

Накратко, за кредитите преку интернет се бараат речиси исти податоци како на пример кога аплицирате за брз кредит во канцеларија, каде поединечни компании воведоа дополнителни механизми за вашата идентификација.

 

Каква е безбедноста на Вашите лични податоци кога аплицирате онлајн?

Ова е многу често прашање што го поставуваат се повеќе баратели на кредит. За да одговорите, треба да направите некои лични истражувања и проверки во врска со кредиторот:

  • Дали е сигурен и колку време е на пазарот? Компаниите со долга историја секако ги следат сите правила за заштита на Вашите лични податоци. Небанкарскиот финансиски сектор е под строг надзор на Министерство за Финансии и секоја компанија која е регистрирана и лиценцирана од регулаторот мора строго да ги почитува законите и барањата.
  • Дали имате искуство во онлајн кредитирање? Важно е да се истражи колку долго компанијата дава кредити преку Интернет. И овој процес, како и сите други, бара време и искуство за да биде што е можно посигурен.
  • Дали процесот на аплицирање има идентификација? Треба да истражите дали заемодавачот бара од барателот да го докаже својот идентитет на некои од начините што веќе ги спомнавме во овој натпис.
  • Дали ви обезбедува некој клиентски портал каде што можете да ги следите деталите за Вашиот кредит откако ќе биде префрлен на Вашата банкарска сметка? На овој начин, секогаш ќе имате пристап до целата своја историја со компанијата во реално време – кога аплициравте, кога сте потпишале Договор за кредит, кога сте платиле рати, кога сте затвориле кредит итн. Компании кои нудат таква можност на клиентите обично ќе Ви понудат значително побрза и полесна последователна апликација, бидејќи Вашите податоци од последната апликација ќе бидат достапни на профилот. Ова ќе ви заштеди време, бидејќи нема да мора повторно да ги внесувате сите, туку ќе треба само да ги проверите и корегирате таму каде што е потребно, на пример при промена на лична карта, адреса на живеење или други слични промени од последната апликација.

Знаеме дека во онлајн просторот има повеќе можности за нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци, па затоа е важно да бидете сигурни дека компанијата што ќе ја изберете може да Ви понуди доверливост и квалитет. Во спротивно, ако ги оставите вашите податоци на сомнителна компанија, преземате значителен ризик.

 

Видови онлајн кредити

  • Онлајн кредити со месечни рати – овој тип на кредит се исплаќа на месечни рати и најчесто се карактеризира со поголем износ и рок на отплата. Со него мора да се изготви прелиминарен план за отплата по месеци, кој Ви дава јасност кога и колку точно треба да платите. Некои компании нудат и можност за отплата на кредитот на неделни, двонеделни или други типови на рати. Големината на ратата што ќе ја изберете мора да одговара на Вашите можности, за да избегнете несакани долгови и доцнење на кредитот. Ова во иднина ќе ви донесе различни бенефиции, како што е влез во програмата за лојалност на компанијата, долгорочно ќе одржувате висок кредитен рејтинг во кредитниот регистар и ќе Ви биде многу олеснето при аплицирањето за кредит.
  • Онлајн кредит до плата – овој тип на кредит е значително пократкорочен од кредитите на рати. Доаѓа и со помал износ што треба да го вратите до „вашата следна плата“, како што сугерира неговото име. Во последниве години добива се поголема популарност и се повеќе компании почнуваат да го нудат како опција. Со него, износот за отплата се плаќа во еден потег, а не е потребен план за отплата. Кредитот за плаќање преку Интернет е доста удобен, но мора да бидете исклучително внимателни со него. Мора правилно да го вратите, бидејќи секој ден доцнење се одразува во кредитниот регистар и Ви носи значителна казнена камата за задоцнето плаќање.

 

Износите и условите на кредитот онлајн. Добијте ја сумата

Онлајн кредитот се карактеризира со значително помали износи доделени во споредба со другите брзи кредити. Вообичаено, ако аплицирате за прв пат, износите се до 30 000 денари, а секој нареден кредит е веќе за поголема сума. Повеќето компании на домашниот пазар имаат ограничување за износите доделени преку Интернет помеѓу 30 000 -100 000 денари. Репрограмирањето на плаќањата зависи од тоа дали кредитот е до плата или на рати, а соодветно на тоа и ратите се еднократни, неделни или месечни.

Онлајн процесот Ви овозможува речиси веднаш да го добиете одобрениот и прифатен од вас износ на кредитот, преку банкарски трансфер. Се разбира, треба да ги земете предвид неработните денови и празниците, бидејќи повеќето компании тогаш не нудат исплати или имаат одредени ограничувања за трансфери.

 

Онлајн кредит во секојдневниот живот

Како што ќе прочитате во статиите на нашата страница – онлајн кредитот е добро решение за секој непредвиден трошок. Ако сакате да дознаете повеќе за овој производ, проверете како да аплицирате за него. Статиите одговараат и на најчесто поставуваните прашања, имено висината на кредитот и трошоците поврзани со негово добивање. Се обидовме да го претставиме овој и други видови на кредитирање како алтернативи од кои можете да го направите најправилниот избор за Вас, бидејќи пазарот е веќе презаситен со понуда, а нема многу кредитодаватели кои ги обезбедуваат сите информации на доволно достапен и разбирлив начин.

Ако барате брз и удобен начин да добиете дополнителни средства – искористете ги услугите на ПРОФИ КРЕДИТ!

Прочитај повеќе

Преглед на други статии од Категорија "Онлајн кредит"

Главните разлики помеѓу офлајн и онлајн кредит

Дата: 01.03.2023

Кога позајмуваме пари од финансиски институции, обично имаме итна потреба и сакаме тоа да се случи што е можно побрзо. Која е разликата помеѓу офлајн и онлајн кредит поточно кредит подигнат од канцеларија или онлајн кредит подигнат од  компанија за кредитирање? Како функционира процесот на аплицирање за кредит во канцеларија? Кога сакаме да подигнеме кредит […]

Прочитај повеќе 

Онлајн кредит: 2 ситуации во кои е подобро да не земате

Дата: 01.03.2023

Онлајн кредит е одлична алтернатива на кредит што можете да го земете во банка или канцеларија на небанкарска финансиска институција. Не мора да го напуштате Вашиот дом, средствата се префрлаат на вашата лична трансакциска сметка за многу кратко време, а проверката на кредитот е исклучително едноставна. Всушност, доколку најдете соодветна небанкарска компанија, можете да добиете […]

Прочитај повеќе 

Подобрување на кредитоспособност : 5 докажани начини за ефикасно подобрување

Дата: 01.03.2023

Кога аплицирате за кредит(без разлика дали за мал онлајн кредит или хипотекарен кредит) и банката и небанкарската институција ќе ја проверат Вашата кредитоспособност пред да Ви обезбедат финансиска поддршка. Како да се дојде до подобрување на кредитоспособност, што влијае на тоа, за да го добиете посакуваниот онлајн кредит во потребниот износ? Што е кредитна способност? […]

Прочитај повеќе 

{{ article.post_title }}

Прочитај повеќе: {{ article.post_date }}

{{ article.post_content.replace(/(<([^>]+)>)/ig, "") }}

Прочитај повеќе